Волумен на геометриски тела

Назад
Волумен на геометриски тела 
Коцка | Квадар | Призма
Волумен претставува дел од просторот ограничен со геометриско тело. Тој се искажува преку број на коцки што ги содржи телото. Ако рабовите на коцките се 1 cm во должина, тогаш волуменот се искажува во сантиметри кубни (cm3).
Коцка
Коцката има 6 складни ѕида.
Ова е коцка од 2cm:
Volume and 3d1

Квадар

Квадарот има 6 правоаголни ѕидови. Можеме да го искажеме неговиот волумен низ пребројување на коцките.
Например:
Пресметај го волуменот на квадарот даден на сликата.
Volume and 3d2
Најдобро е тоа да го направиме во слоеви, затоа што не можеме да ги видиме сите коцки.
Можеме да видиме 12 коцки во горниот слој. Значи вкупниот број на коцки изнесува 3 x 12 = 36 коцки.


Формула за волумен на квадарот

Ако ги знаеме димензиите на квадарот, волуменот можеме да го пресметаме како производ од должината, ширината и висината на квадарот:
 
V = a • b • c
Пример:
Пресметај го волуменот на квадарот:
Volume and 3d3
V = 10 • 6 • 5 = 300cm3 (забелешка: волуменот се искажува во сантиметри кубни) 
Пример:
Квадарот има изваден дел од центарот, како што е прикажано на сликата. Пресметај го волуменот на остатокот.
Volume and 3d4

V1 = 20 • 10 • 6 = 1200cm3

V2 = 5 • 10 • 2 = 100cm3

V = V1 - V2 = 1200 – 100 = 1100cm3

Призма 

Волумен на призма

Призмата претставува геометриско тело со постојан напречен пресек во однос на целата должина. Пример на призма е прикажан подолу.


Триаголна призма
Volume and 3d5
Формула за волумен на призма

V = B • H

B – плоштина на основата

H – висина на призмата

Пример:
Да се пресмета волументот на триаголната призма дадена на претходниот цртеж

V = B • H

V = ? (10 • 6) • 20

V = 30 • 20

V = 600cm3

Назад